еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Маж од радовишко осомничен за силување на 12-годишно девојче, го навел преку социјалните мрежи

Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои сомнение дека сторило кривично дело – Силување дете кое не наполнило 15 години од член 188 став 1 од Кривичниот законик.

„Осомничениот жител на радовишко, на 22. јануари, имал полов однос со 12-годишно девојче од едно валандовско село, со кое претходно комуницирале преку социјална мрежа.

Бидејќи постојат околности кои го оправдуваат стравот дека осомничениот ќе се даде во бегство и дека ќе ги уништи трагите од кривичното дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор. Основниот суд во Гевгелија го прифати предлогот и определи притвор во траење од 30 дена,“ информираа од Обвинителство.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Цела програма: Утре почнува седмото издание на Медиумскиот фестивал Скопје

Редакција

Нови 98 случаи на Ковид-19, повеќе од половина во Скопје

Редакција

Судскиот совет избра осум судии за Апелациониот суд во Скопје

Редакција