Македонскиот државен обвинител Љупчо Коцевски во интервју за српска „Полтиика“ информираше дека досега за пожарот во т.н. дискотека во Кочани, во која загинаа 59, а беа повредени 196 лица, информираше дека досега се осомничени 28 лица, од кои тројца се во болница.
Од осомничените 18 се притворени во предистражна постапка, а за седум полициски службеници се води истрага и тие вчера добија 30-дневен притвор.
Најголем дел од нив се осомничени за делото „Тешки дела против општата сигурност“, за што има казна затвор до 20 години, а се испитуваат сомнежи и за делата „Давање и примање на поткуп“, „Незаконска употреба на пиротехника“ и други.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
30 дена притвор за седумте полициски службеници за трагедијата во Кочани
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.