Застаре уште еден предмет на поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО) поради измените на Кривичниот законик (КЗ).
Станува збор за предметот „Тендери“ во кој беше обвинета и поранешната министерка за култура, Елизабета Канческа-Милевска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Ослободителна пресуда за Елизабета Канческа Милевска во „Тендери“
Според обвинението на СЈО, дел од градежните работи во Музејот на ВМРО се вршени во корист на правното лице „Бетон“ од Штип.
Пред да се објави оглас за доделување договор за јавна набавка и пред да се спроведе постапката, спротивно на Законот за јавните набавки, Канческа Милевска преку разговори со генералниот директор на градежното претпријатие „Бетон“ од Штип наложила да се продолжи со работата на Музејот, каде што се изведувале градежни работи по претходно склучен договор за јавна набавка.
Изминативе месеци поради измените на КЗ застареа уште неколку предмети на поранешното СЈО, меѓу кои и „Таргет-Тврдина“, „Талир“, „Траекторија“ и „Моќник“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Унсплеш