еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

За првпат од почетокот на војната: Путин подготвен за директни разговори со Зеленски

За првпат од почетокот на војната во Украина во февруари 2022 година, рускиот претседател Владимир Путин е подготвен за директни разговори со украинскиот колега Володимир Зеленски.

Путин изјави дека Русија секогаш гледала позитивно на какви било мировни иницијативи.

“Се надеваме дека и претставниците на киевскиот режим размислуваат на ист начин“, изјави тој.

Зеленски пак одговори дека Украина била спремна за секакви разговори со цел да се заштитат цивилите.

„На Украина ѝ треба јасен одговор од Москва дали се согласува да запрат нападите врз цивилната инфраструктура“, изјави Зеленски.

Фото: Кабинет на Путин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Половина деценија стратешко партнерство меѓу бразилскиот фармацевтски лидер EMS и Галеника во функција на здравјето во регионот

Редакција

(Видео) Снимки од приведувањето на Беким Незири, кој не доби притвор за упадот во Контрола на летање

Редакција

Камбовски: Предложените измени не се спротивни на основните начела на Уставот

Редакција