еМагазин
Image default
Техно ТОП СТОРИИ

За првпат престижниот CASSINI Хакатон се организира во Македонија

Скопје ќе стане центар за иновации во областа на вселенската технологија и здравството со одржувањето на деветиот CASSINI Хакатон од 16. до 18. мај 2025 година. Овој настан ја вклучува нашата држава во престижната европска иницијатива, која истовремено се одржува во 10 градови низ Европа.Настанот ќе се одржи во ИТ хабот Netaville – срцето на ИТ заедницата во Скопје.

Употреба на вселенската технологија за унапредување на здравствената заштита
Темата на овој хакатон е „Вселената во поддршка на здравството“ (анг. Space for Healthcare), а учесниците ќе бидат мотивирани да ги искористат далечинските набљудувања на Земјата, сателитската навигација и вселенските податоци за тимско развивање на решенија за реални проблеми во здравството. Фокусот ќе биде на:
– Следење и реакција при болести и здравствени ризици;
– Подобрување на итните медицински услуги;
– Унапредување на менталното здравје и благосостојба;

Хакатонот е дел од серијата CASSINI Хакатони, иницијатива на Европската комисија, имплементирана од Агенцијата за вселенска програма на, со цел поттикнување на иновации, изработка на апликации и практична примена на вселенската технологија низ Европа.

Кој може да учествува?

Хакатонот е отворен за учесници од различни области, вклучувајќи:
– Програмери и дизајнери;
– Медицински професионалци;
– Студенти и претприемачи;
– Маркетинг експерти и вселенски ентузијасти;

Не е потребно претходно искуство во областа на вселенската технологија. За развој на своите решенија, регистрираните учесници ќе имаат пристап до ментори, обуки и најсовремени вселенски податоци од европскиот систем за далечинско набљудување на Земјата – Copernicus; системот кој го подобрува ГПС сигналот во Европа – EGNOS; и европскиот сателитски навигациски систем – Galileo.

Овие системи и програми овозможуваат далечинско набљудување на Земјата, прецизна навигација и подобрување на сателитските сигнали, што ги прави клучни за развивање иновации во различни области како екологија, транспорт, медицина, безбедност и многу други.

Што добивате како учесници?

– Награди за најиновативните решенија:
– на локално ниво: за прво место – 3.000 евра, награда од G+D Netcetera;
– на европско ниво: за прво место – 5.000 евра, за второ место – 3000 евра, за трето место 1000 евра, како и 100 часа менторство за победничкиот тим, организирано од централниот тим на CASSINI Hackathons, во текот на шесте месеци по хакатонот;
– Можност вистински да придонесете кон подобрување на општеството, да го примените начелото за добробит на целото човештво и да ја унапредите здравствената заштита;
-Вмрежување со национални и меѓународни лидери од космичката, здравствената и технолошката заедница;

Во тек е Кампањата за големи идеи – инспиративни предавања на најразлични теми поврзани со темата на хакатонот и истите може да се следат во живо или онлајн.

Повеќе информации на https://hackathons.cassini.eu/hackathons/north-macedonia

ПР-објава

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавил Стојко Пауновски, директорот на Пазарен инспекторат

Редакција

Турската лира на рекордно ниско ниво по почетокот на новиот мандат на Ердоган

Редакција

Поднесени обвиненија за 6 лица за несреќата на автобусот на „Дурмо турс“: Автобусот бил технички неисправен подолго време

Редакција