еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Засега 29 поранешни пратеници ќе добиваат апанажа

Претседателот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, Ѓорѓија Сајкоски, денеска информираше дека досега на вкупно 29 поранешни пратеници, собраниската Комисија им го прифатила барањето за апанажа, а поднесени се и други барања кои се разгледуваат.

Право на апанажа имаат 57 пратеници од претходниот собраниски состав.

Законскиот рок за поднесување на барање за апанажа истекува на 28. јуни, односно 30 дена по верификација на мандатите на новите пратеници.

Месечната плата на пратеник во македонското Собрание изнесува 74 илјади денари.

Апанажата е во висина на платата и ја исплаќа Собранието.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прв дуел на Заев и Мицкоски: „Попрво соработка меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ отколку уцени од ДУИ“

Редакција

Се работи турбо: Нова тура маски за медицинските работници и опфатени многу клиники

Редакција

Пендаровски: Државниот врв не разгледувал враќање на задолжителниот воен рок, ниту таква можност е отворена за во иднина

Редакција