еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Зеленски сепак забрани пристап на САД до вредните и ретки минерали на Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека им наредил на своите министри да не потпишуваат договор со кој на САД ќе им се овозможи пристап до вредните и ретки минерали на Украина, објаснувајќи дека документот е премногу фокусиран на интересите на САД.

Документот, им беше даден на украинските власти од американскиот министер за финансии Скот Басент за време на посетата на Киев.

Предлог договорот беше клучен дел од разговорите на Зеленски со американскиот потпретседател Џеј Ди Венс на маргините на Минхенската безбедносна конференција.

Тој се однесува на тоа како САД би можеле да го искористат рудното богатство на Украина, како компензација за поддршката што веќе и е дадена на Украина од администрацијата на претходниот претседател Џо Бајден и како еден вид аванс за идна помош, изјавија украински официјални лица.

Украина има големи резерви на минерали кои се користат во воздухопловната, одбранбената и нуклеарната индустрија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Минерали како гаранција за помошта што САД и ја дава на Украина, побара Трамп

Зеленски од Минхен побара Европа да создаде своја војска

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Заедно напред“ е официјалниот слоган на Стево Пендаровски за претседателските избори

Редакција

ИРЛ открива пропусти на Обвинителството за истрагата за пожарот во модуларната болница во Тетово, од таму велат дека тоа е манипулација

Редакција

Изгласани законите: Граѓаните „куртулија“ од извршителите, студентите ќе добиваат субвенциониран оброк

Редакција