еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

ЗК Пелагонија со добивка во третиот квартал

ЗК Пелагонија АД Битола во првите три месеци остварил оперативни приходи во износ од 142.735 илјади денари, информираат од таму преку Македонската берза.

-Истите бележат зголемување од 5% во однос на истиот пресметковен период од претходната деловна година.

Во структурата на оперативните приходи, приходите од продажба изнесуваат 101.563 илјади денари, кои опфаќаат 71,15% од вкупните оперативни приходи. Приходите од продажба бележат тренд на намалување во однос на претходната година и истите се намалени за 11% или во апсолутен износ за 12.810 илјади денари.

Останатите оперативни приходи кои опфаќаат износ од 32.216 илјади денари учествуваат со 22,57% во вкупните оперативни приходи и истите бележат зголемување од 61% во однос на првиот квартал од претходната деловна година.

Остварените оперативни расходи со состојба 31.03.2025 година опфаќаат износ од 141.182 илјади денари и истите се намалени за 21% во однос на истиот период претходната година, и се помали во однос на оперативните приходи во апсолутен износ од 1.553 илјади денари.

Промената на вредноста на залихите во анализираниот период за тековната година како разлика помеѓу вредноста на залихите на почетокот и на крајот на годината генирира приходна ставка во износ од 40.376  илјади денари и Друштвото оствари оперативна добивка во износ од 41.929 илјади  денари.

Финансиските расходи изнесуваат 4.325 илјади денари и истите се за 2.511 илјади денари зголемени  во однос на првиот квартал од 2024 година, кога изнесуваа 1.814 илјади денари.

Според изнесените показатели за периодот 01.01.2025 – 31.03.2025, компанијата прикажа позитивен  финансиски резултат во износ од 37.604 илјади денари, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЗК Пелагонија лани со намалени приходи

ЗК Пелагонија го платил долгот кон штипски Бетон, нема да има стејчна постапка

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Академик Живко Попов е нов претседател на МАНУ

Редакција

СЗО: За потеклото на коронавирусот – сите докази упатуваат на лилјаци

Редакција

Убава вест: Оздравени 17 лица кои боледуваа од корона вирусот

Редакција