еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

ЗНАМ на Максим Димитриевски ги објави носителите на листите за парламентарните избори

И ЗНАМ – За наша Македонија на Максим Димитриевски ги објави носителите на листите за престојните парламентарни избори.

Во Изборната единица 5 листата ќе ја предводи Весна Бендевска, поранешна пратеничка и член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, по професија психолог.

Носител на листата во Изборната единица 3 ќе биде Павле Арсовски, генерал-мајор во пензија, доктор по историски науки.

Носител на листата во Изборна единица 1 ќе биде Бобан Карапејовски, професор на Филолошкиот факултет на УКИМ, член на Извршниот одбор на ЗНАМ.

Носител во Изборната единица 2 ќе биде Даниел Стојчевски, м-р по кривично право, директор на ЈП Чистота и зеленило во Куманово и претседател на Општинската организација на ЗНАМ таму.

Во Изборната единица 4 листата ќе ја предводи економистот Миле Цеков, претседател на Стопанска комора на југоисточна Македонија и претседател на Општинската организација на ЗНАМ во Струмица.

Носител на листата во Изборната единица 6 ќе биде Небојша Захариевски, правник и претседател на Општинската организација на ЗНАМ во Тетово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се носителите на листи на Левица за парламентарните избори

Кои се носителите на листите на ВМРО-ДПМНЕ за парламентарните избори

Фото: ЗНАМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За неносење маска 237 прекршоци за 24 часа

Редакција

„Тврдокорни“ неколку медиуми ги прогласија за непријатели на македонскиот народ

Редакција

„Пуцко петрол“ го доби тендерот на Катастарот за набавка на масло за горење вреден 48.000 евра

Редакција