Водителот Зоран Василевски попознат како Зоки Фаци, кој пред неколку дена замина на оперирање од тумор во Турција, се врати од таму и ќе се оперира во земјава, информираше на социјалните мрежи неговиот колега и пријател Стефан Лазаров.
„Зоки вчера се врати од Турција, таму се направија целосни испитувања кои чинеа за 3 дена околу 6.000-7.000 евра и истите покажаа дека туморот е над 30 cm и имал метастази во почетна фаза.
Таму му беше предложено дека треба повторно да оди на хемотерапии па тек за месец, два, да биде опериран. Но, Зоки се слушна со доктор и од Систина и одлучено е дека тука ќе го оперираат и нема потреба повеќе да се чека.
Само што ми се јави Зоки и ми кажа дека има надеж многу и дека му е кажано дека ќе биде се океј. Значи операцијата би требало да се случи следнава недела, а кога ќе имаме нови информации ќе ве известам.”, напиша Лазаров на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се влошила состојбата на Зоки Фаци, туморот метастазирал на коски
(Фото) Зоки Фаци замина на лекување во Турција, хуманите граѓани ги поздрави од аеродром
Зоки Фаци оди на лекување во Истанбул