еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Избрани 49. нови судии, еве кои се

Судскиот совет вчера избра 49. нови судии низ Македонија.

За судии на Основниот суд Битола се избрани Марија Филиповска – Поповска, Стефан Гајдаровски, Гордана Николовска и Александра Средовска – Лазановски.

За судии на Основниот суд Гевгелија се избрани Ива Цоневска – Вангелова и Марта Спасовска.

За судии на Основниот суд Гостивар се избрани Полумбеша Сефери, Арлинда Адеми – Османи, Љеонора Јакупи, Кујтим Фетаи и Ален Садику.

За судии на основните судови во Делчево, Кавадарци, Кичево, Кочани, Крива Паланка, Свети Николе, Струга и Велес, се избрани Наташка Атанасовска, Костадинка Крстевска – Петрова, Урим Јусуфи, Иван Стојанов, Даниела Младеновска – Митовска, Марина Мишева, Јасна Парталоска и Мила Цилакова.

За судии на Основниот суд Куманово се избрани Натали Колев – Бојковиќ, Бехар Амети, Арефат Весели и Арменд Мехмети.

Елена Балевска и Илсен Салиеска Патилоска се избрани за судии на Основниот суд Охрид, а во Основниот суд Прилеп, Филип Пашоски, Хари Караџоски, Петар Карагулески и Јане Јаковоски.

За судии на Основниот суд Струмица се избрани Марија Маневска и Гордана Мачукова.

За судии на Основниот суд Тетово се избрани Арлинда Османи, Емира Асани, Борче Костовски и Адмире Адеми.

За судии на Основниот суд Штип се избрани Марија Михова и Дејана Дејановска.

За судии на Основниот граѓански суд Скопје се избрани Маја Бошковска, Мартина Коцевска – Ролевска, Сања Анѓелеска, Ирина Нефтенова – Пешевска, Валмира Аџиреџа и Љира Бојко.

За судии на Основниот кривичен суд Скопје се избрани Сања Лазова – Стојанова, Тереза Лазовска, Елизабета Постоловска, Maja Котевска, Билјана Шуплиновска – Јовевски и Санида Јашар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Битолскиот Апелационен суд и основните судови во Гевгелија, Кавадарци и Кочани добија нови претседатели

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Народна банка донесе одлука за дополнително јакнење на отпорноста на банкарскиот систем

Редакција

(Видео) Се тестираат седум нови пациенти за коронавирусот, две родилки од Дебар

Редакција

Владата даде зелено светло: Лекувањето од Kовид-19 во приватните болници ќе чини до 5.000 евра

Редакција