еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Инцирана е постапка за утврдување одговорност на судијата Пајазити, кој го пушти Рамадани во домашен притвор од каде избега, објави Телма

Телевизијата Телма објави дека е иницирана постапка за утврдување на одговорност на судијата Пајазит Пајазити од Основниот кривичен суд Скопје.

Според телевизијата барање за поведување на постапката за нестручно и несовесно вршење на судиската функција на Пајазити поднел членот на Судскиот совет, Александар Камбовски.

Пајазити подолго време е во фокусот на јавноста. Пред извесно време тој го пушти во домашен притвор поранешниот припадник на Ослободителната војска на Косово (ОВК), Блерим Рамадани по што тој избега.

Беше и во фокусот поради тоа што е еден од судиите кој ја прифати спогодбата за поранешниот народен правобранител Иџет Мемети, кој призна дека примил мито, но доби условна казна, а не затворска.

Истиот судија не одреди притвор ни за групата која упадна во Контролната кула на Скопскиот аеродром на почетокот на јануари годинава, предводена од високиот функционер на ДУИ, Беким Незири.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Пајазит Пајазити, кој го пушти Рамадани во куќен притвор од каде избега

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Добредојдовте во светот на италијанската мода: Луиза Спањоли пристигна во Скопје, во Рамстор Мол!

Редакција

Срам во Битола: Наместо во изолација се степале со соседите

Редакција

Џафери ги спаси пратениците од тестови за наркотици, ама ништо не ги спречува да се тестираат сами

Редакција