еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

И Промедика предложи кандидати за НО на Македонијатурист

По М.Г. Фешн, уште еден од најголемите акционери во Македонијатурист АД Скопје, Промедика предложи свои кандидати за нови членови на Надзорниот одбор (НО) на Друштвото, откако претходно најголемиот акционер, Скопски пазар АД Скопје побара вонредна седница на Собранието на акционери за смена на НО на угостителското друштво.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

М.Г. Фешн предложи свои кандидати за членови на НО на Македонијатурист, Доне Таневски не е меѓу нив

Кандидати на Промедика се Димитар Лузевски, Горазд Поповски, Сашко Бошков и Маја Николовска.

Фирмата во предлогот, објавен преку Македонската берза достави и нивни биографии.

Лузевски е раководител и косопственик на секторот Медицина во Промедика. Дипломирал финансиски менаџмент на Економскиот факултет при Универзитетот “Кирил и Методиј’ во Скопје.

Поповски е дипломиран правник со положен правосуден испит и тој се предлага за независен член. Тој е директор на Секторот за правни работи во Стопанска банка АД Скопје.

Бошков е правник и магистар по економски науки. Тој е адвокат од Штип, коосновач и сопственик на адвокатско друштво.

Николовска е генерален директор на веледрогеријата Промедика. Дипломирала на Американ Колеџ и е магистер по бизнис администрација на London School of Business and Finance.

Промедика предлага акционерите да гласаат за секој кандидат поединечно.

Исто така од таму се предлага надомест од две просечни месечни нето плати за претседателот на НО, по една за членовите, а за независниот член надоместот во висина на 90% од просечната месечна нето плата исплатена во Друштвото во последните три месеци.

Во НО на Македонијатурист моментално се Доне Таневски, кој е претседател, Верица Хаџивасилева Марковска, Владо Богдановски и Ѓорѓи Јанчевски.

Хотелското друштво има вкупно десет објекти, од кои повеќето хотели. „Холидеј ин“, „Бест вестерн“, „Белви“ и „Карпош“, кои работат, и затворените – „Бристол“, „Јадран“, „Водно“ и „Сарај“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Скопски пазар, најголемиот акционер, купи нови акции на Македонијатурист

Промедика купи нови акции на Македонијатурист

Ќе остане ли Доне Таневски претседател на НО на Македонијатурист, Скопски пазар предложи негово разрешување

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Иуте Кредит Македонија се ребрендира во Иуте, зајакнувајќи ја улогата на лидер во дигиталната трансформација во повеќе сфери на финансиското работење

Редакција

За една недела 7.355 нови случаи на Ковид-19 од 35 градови

Редакција

Со 35 денари провизија од денеска сметки ќе можат да се плаќат и во Пошта

Редакција