еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Какво време не очекува за првомајскиот празник

Времето утре наутро ќе биде ведро и посвежо, преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната ќе достигне од 19 до 27 степени.

Во Скопје, сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 27 степени.

Во четврток попладне и во петок ќе има услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен северен ветер.

Во деновите од викендот ќе биде стабилно, сончево и топло со мала до умерена облачност, а од почетокот на следната седмица се очекуваат повремени врнежи од дожд и појава на грмежи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Влатко Ѓорчев на Молитвен појадок кај Трамп

Редакција

Наградени најдобрите учеснички во „Предизвик за средношколки“, проект на ЕВН Македонија

Редакција

Убава вест: Оздравени уште 16 пациенти од корона вирусот, вкупно 1.367

Редакција