Наместо да формира своја партија како што најави пред извесно време, градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, стана претседателка на постоечката партијата Нова Алтернатива, формирана во 2007 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
еМагазин го разгледа нејзиниот анкетен лист кој го доставила до Антикорупциската комисија кога станала градоначалничка.
Каков имот пријавила?
На свое име нема ништо.
Како заеднички имот пријавила два стана, деловен простор и акции, но не навела каде.
Заеденички имот е и возилото Хундаи, како и девизен и денарски депозит.
Како заеднички имот пријавила и два кредити, едниот од над 2 милиони денари, треба да го врати до следната година, а за другиот од 203 илјади денари, нема податок за рокот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Која е партијата „Нова Алтернатива“, чиј нов претседател ќе биде градоначалничката Данела Арсовска
Фото: Арсовска/Фејсбук