Претседателката на Државната комисија за спречување корупција (ДКСК), Татјана Димитровска е осомничена за случајот „Адитив“, кој се однесува за набавка на адитив за ТЕЦ Неготино и државната Електрани на Северна Македонија (ЕСМ).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Таа според Основното јавно обвинителство одавала податоци на лице кое е обвинето во случајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Претседателката на Антикорупциска, Димитровска остана без пасош, осомничена е за случајот „Адитив“
Остана без пасош, а не смее да извршува и работни обврски во ДКСК.
еМагазин го разгледа нејзиниот анкетен лист, кој го доставила до Антикорупциска кога станала претседателка на ДКСК.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Осомничената за „Адитив“ претседателка на Антикорупциска има плата од 139.500 денари
Каков имот пријавила
На свое име пријавила стан во скопска Кисела Вода.
Во истата општина пријавила и стан на сопругот, кој е подарок.
Вози “фолксфаген голф“, а на име на сопругот пријавила уште едно возило.
На свое име има три кредити. Едниот е од 4,1 милиони денари, кој треба да го врати до 2041 година, другиот е од 1,3 милиони денари, кој треба да го врати до 2032 година и третиот е од 750 илјади денари, кој треба да го врати исто така до 2032 година.
Кредит пријавила и на име на сопругот, од 1,9 милион денари, кој треба да се врати до 2033 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Обвинение за 31 физичко и пет правни лица во предметот „Адитив“
Фото: 360 степени