Обвинителот Мустафа Хајрулахи, шеф на Вишото јавно обвинителство – Скопје заработи кривична пријава за малтретирање на вработени и е суспендиран од функцијата.
Тој бил пријавен од вработени во Вишото јавно обвинителство – Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кривична за јавниот обвинител Хајрулахи за малтретирање и негова суспензија од функцијата
еМагазин го разгледа анкетниот лист на Хајрулахи, кој го доставил до Антикорупциска комисија кога станал обвинител во Вишото јавно обвинителство – Скопје.
Каков имот пријавил
Според неговиот анкетен лист, од недвижен имот, како заеднички, пријавил стан во Скопје од 46 метри квадратни.
Вози две возила, БМВ и Рено 5, а пријавил уште едно возило, но не навел чиво е.
На свое име пријавил и кредит од 35 илјади евра, кој го зел во 2017 година, а треба да го врати во 2037 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Единствениот кандидат, Мустафа Хајрулахи, избран за шеф на Вишото јавно обвинителство Скопје