Катерина и Димитар сонуваат за детство како нивните другарчиња – свое креветче, соба, топол дом. Но, живеат во тесен простор, без купатило, без основни услови. Родителите се борат, но не можат сами. Помогнете им да имаат детство какво што заслужуваат!
„Живеат во една мала соба од само 10 квадратни метри, без основни услови. Ноќите ги минуваат во просторија што ја делат со баба им и дедо им, кои понекогаш спијат на под за да им направат место на внучињата. Немаат купатило, немаат тоалет. Дури и во најстудените ноќи мораат да одат во надворешен полски тоалет.
Нивните родители, Елена и Златко, се трудат преку ден и ноќ. Работат во фабрика, на нива, цепат дрва – сè за да им обезбедат барем малку подобар живот. Таткото започнал да гради соба и купатило, но финансиските проблеми ги спречуваат да ја завршат,“ се вели во апелот за помош.
Ваша донација може да им го промени детството!
Потребни се средства за:
Доградба на една соба – за да имаат свое место за спиење и учење.
Изградба на купатило и нормален тоалет – за да имаат пристојни услови за хигиена.
Основен мебел и материјали – за да создадеме топол и удобен дом.
Инфо за донации ОВДЕ.