еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Прекината блокадата на железничкиот сообраќај

Машинскиот и извршниот персонал при МЖ Транспорт попладнево ја прекинаа блокадата на железничкиот патнички и товарен сообраќај откако им беше исполнето барањето за исплата на вториот дел од платата за септември, потврди за МИА, Душко Чакаровски, претставник на машинскиот персонал.

Чакаровски информираше дека е донесена одлука која е проследена до раководството на железничкото претпријатие, а според која, доколку до 25-ти во месецот не им биде исплатена целосно платата за претходниот месец, повторно ќе ја бојкотираат работата од 7 часот наредниот ден.

Исто така, и надоместот за материјални трошоци да се исплаќа најдоцна до 10-ти во месецот, а во спротивно, како што рече Чакаровски, нема да работиме веќе од наредниот ден.

Железничкиот сообраќај беше во прекин од вчера изутрина и воопшто не сообраќаа патничките и товарните возови.

МИА/Фото: Македонски железници

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Beiersdorf нов партнер на Атлантик Група во Македонија

Редакција

Убава вест: Оздравени 307 заразени од Ковид-19, најмногу од Скопје 71

Редакција

Мицкоски: „Ќе се обидам да формирам нова Влада, но доколку не успеам, единствена опција се брзи избори“

Редакција