еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Мицкоски: „Ќе се обидам да формирам нова Влада, но доколку не успеам, единствена опција се брзи избори“

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски најави дека до понеделник ќе чекаат премиерот Зоран Заев да ја достави оставката до Собранието. Ако тоа не се случи, најави дека ќе ја почнат постапката за иницијатива за оставка на Владата.

Вели дека мнозинство е обезбедено за да падне оваа Влада, и оти ќе се обиде да формира ефикасна политичка влада способна да се справи со економските, енергетските и здравствените предизвици.

Доколку тоа не може да го направам, рече, единствена опција е да се оди на брзи предвремени избори.

– Тоа значи дека во периодот што следи ќе се обидам, повторувам, ќе се обидам да формирам нова влада и тоа ќе се случи само доколу бидам сигурен дека тоа ќе биде влада на сериозен кредибилитет, влада со силни институции кои ќе гарантираат стабилност, нова енергија и ефикасност во реформите и проблемите кои следат.

Доколку не се постигне оваа цел кон која се стремам и не обезбедам потполна ефикасност на владата потребна за справување со кризите, борба приотив корупцијата и криминалот, кои се клучниот проблем во нашата држава, тогаш она што ни преостанува како единствена опција се брзи предвремени парламентарни избори за народот на Македонија да одлучи за новата иднина, рече на денешната прес-конференција Мицкоски.

Тој додаде дека 61 пратеник се потпишал дека оваа Влада предводена од СДСМ и Зоран Заев веќе нема кредибилитет и легитимитет. Засега, рече и покрај притисоците кои некои од нив ги имаат со цел да се повлечат, нема информации дека тоа може да се случи.

-Јас би сакал да имаме политичка Влада која ќе има полн капацитет, ќе го истурка мандатот до 2024 година ќе спроведе реформи, ќе спроведе се што е потребно и за се што се заглагаме. Доколку тоа не се случи брзи параламенрани избори се неминовност, бидејќи народот во Македонија сака да гледа решенија, рече Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица: „Овој договор, во ниеден случај не значи коалицирање, и е со единствена цел – да се урне хибридниот режим на ДУИ и СДСМ“

Ќе видиме дали ќе се избере нова анти-демократска, анти-Преспа, анти-НАТО и анти-ЕУ Влада, велат од СДСМ

Петковски за „Фокус“: Лесно може да ја урнат владата, но тешко ќе направат нова поради личните и концепциски разлики

Касами е стабилна личност и не очекувам големи пресврти во БЕСА за комплетно да се приклучи кон опозициското мнозинство, вели Трајанов

МИA/Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Џафери ќе ја води собраниската комисија за помирување

Редакција

(Видео) Скопје конечно новогодишно накитено

Редакција

Во Зоолошка градина угина и третиот коњ од Монголија, се врши истрага за причините

Редакција