еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ќе видиме дали ќе се избере нова анти-демократска, анти-Преспа, анти-НАТО и анти-ЕУ Влада, велат од СДСМ

Доколку навистина има ново парламентарно мнозинство очекуваме тоа да се потврди низ соодветните собраниски процедури и евентуален избор на нова Влада, реагираа од СДСМ, во однос на најавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека опозицијата има ново парламентарно мнозинство.

„Ќе видиме дали ќе се избере нова анти-демократска, анти-Преспа, анти-НАТО и анти-ЕУ Влада. Народот виде како на иста маса седнале претставниците на анти-НАТО, анти-ЕУ, анти-Преспа и анти-демократските структури во земјава, учесниците во крвавите дејствија од 27 април, заедно со оние кои декларативно се залагаат за евро-атланскиот курс на земјата и тепани на истиот 27 април.

Овој состав значи конфликт на принципи, конфликт на ставови, конфликт на политики и конфликт на вредности. Таков политички состав не може да испорача ништо за интересот на граѓаните, ниту пак за националните интереси на државата, бидејќи единственото заедничко на таа маса е желбата за власт, истакнаа од СДСМ,“ велат од СДСМ.

Од таму додаваат дека „евентуалното ново мнозинство, ќе треба да ја преземе одговорноста за справување со пандемијата и со енергетската криза, одговорноста за предизвиците кои следат со европските интеграции на земјата и усвојувањето на Буџетот за 2022 година, тоа е најодговорно во овој момент.“

„Деновиве, ќе видиме дали Мицкоски има капацитет и одговорност за овие чекори и одговорности.  СДСМ нема да дозволи дестабилизација на земјата, поништување на Договорот од Преспа, нови кавги со соседите и поништување на сѐ што постигнавме заедно со граѓаните во изминатите четири години.Има подржувачи на евроатлантската иднина помеѓу пратениците на политичките партии кои вечерва најавуваат ново мнозинство.

Има меѓу тие пратеници луѓе кои не сакаат да влезат во пакт со нацистите и фашистите од Левица која е отворено против НАТО. Ги повикуваме на соработка и одговорно застанување на страната на демократската опција.

Ги повикуваме сите демократски сили и пратеници кои сакаат продолжување на вистинскиот пат, патот на напредокот, на интеграциите во ЕУ, на правдата и економскиот напредок да не дозволат да остават траен печат со својот глас и да бидат споменувани како пратеници и луѓе кои ги донеле новите кавги со соседите, уназадувања на патот кон ЕУ, нови меѓуетнички конфликти,“ се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се следните чекори, доколку премиерот Заев поднесе оставка до Собранието или на Владата ѝ се изгласа недоверба

Што пишува во Уставот: Колку пратеници може да постават прашање на доверба на Владата

Мицкоски: „Доколку Заев не поднесе оставка, ќе поднесеме иницијатива за недоверба на Владата или ќе одиме на брзи избори“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Хорор во Скопје: Претепал и сечел со стакло 14-годишно девојче бидејќи скршила огледало

Редакција

Проф. Трајковски: Ефективноста на вакцините против смртен исход од Ковид-19 е поднамалена, но добро се држи на околу 85%

Редакција

За попладне во Скопје најавен силен ветер кој ќе достигне 80 километри на час, бидете претпазливи

Редакција