За два дена ќе поминат точно два месеци откако од Македонија избега поранешниот прв вицепремиер и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците, Артан Груби, кадар на ДУИ.
Се уште нема официјална информација како избегал, кој му помогнал и каде е.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дали некој му помогнал на Груби и дали е неговото бегство е организирано, истражува Обвинителството
За него е распишана и меѓународна потерница, а според досега неофицијално објавените информации најверојатно е во Албанија. Чудно е како, ако е таму, соседната држава се уште да не регистрила бегалец од висок профил на својата територија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Груби избега од Македонија откако САД го ставија на “црната листа„, заедно со судијата Енвер Беџети, оти биле вмешани во значителна корупција преку примање мито за предмети поврзани со поранешниот директор на поранешната Управа за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сестрата на бегалецот Перпарим Бајрами: Следниот роденден ќе го славиме заедно
Тој доби и притвор од 30 дена за финансиски малверзации во Државна лотарија, а во истиот случај е осомничен и поранешниот директор на Државната лотарија, Перпарим Бајрами, кој исто така е бегство.
Кога сме кај бегалците да не го заборавиме и поранешниот директор на државната ЕСМ, Васко Ковачевски. И него го нема.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавил Васко Ковачевски, кој е осомничен во „Адитив„
Бегалецот Груби немал албански пасош, вели за „БИРН“, советник на албанскиот претседател
Како бегалецот Груби стигнал до Тирана?
Фото: Груби/Фејсбук