Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, која ја предводеше коалицијата „Твоја Македонија“ е апсолутен победник на парламентарните избори, освојувајќи 58 пратенички места.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДУИ има повеќе пратеници од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ има 58
Оваа се имињата од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата кои обезбедија место во Собранието. Дел од нив нема да станат пратеници, бидејќи ќе имаат други функции, а на нивно место ќе дојдат следните на листата.
Од Изборната единица (ИЕ) 1 партијата и коалицијата освои 10 мандати: лидерот на партијата, Христијан Мицкоски, кој се очекува да биде новиот премиер, Гордана Димитриеска-Кочоска, Љупчо Димовски, Синиша Стојаноски, Бети Стаменкоска-Трајкоска, Тони Јаревски, Иван Живковски, Љупчо Пренџов, Марија Митева и Иванка Василевска.
Од ИЕ 2 – 8 мандати: Владо Мисајловски, Жаклина Пешевска, Иван Стоилковиќ, Бобан Николовски, Бојан Стојаноски, Каролина Насковска, Зоран Коцевски и Бране Петрушевски.
Од ИЕ 3 – 14 мандати: Драган Ковачки, Никола Мицевски, Рашела Мизрахи, Игор Здравковски,
Никола Коњановски, Благица Ласовска, Миле Лефков, Даниела Христова, Марија Петрушевска,
Душко Иванов, Александар Јамалов, Драгана Бојковска, Емил Спасовски и Драгана Арсова.
Од ИЕ 4 – 13 мандати: Александар Николоски, Антонијо Милошоски, Ели Панова, Дејан Проданоски, Зоранчо Јованчев, Ангелинка Петкова, Петар Ристески, Златко Пенков, Моника Трајанова, Јулија Тушевска, Жан Дрвошанов, Петар Марков и Билјана Кузманоска.
Од ИЕ 5 – 10 мандати: Ѓорѓија Сајкоски, Олга Лозановска, Сашо Донев, Пеце Милевски, Јован Јаулески, Лидија Петкоска, Мевмед Џафери, Кире Божиновски, Силвана Ангелевска и Грација Бакраческа.
Од ИЕ 6 – 3 мандати: Дафина Николоска, Александар Велјановски и Валентина Марчевска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кои се кандидатите за пратеници на СДСМ и коалицијата
Нов состав на Собранието во следните 20 дена