еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Кои се обичаите за Рамазан Бајрам

Муслиманите денеска го слават празникот Рамазан Бајрам.

Тој се смета за еден од петте столбови на исламот и е празник за духовно и за телесно прочистување, а доаѓа по едномесечниот строг пост, во кој верниците се воздржуваат од храна и пијалоци од зора до зајдисонце.

Во сите џамии, денеска се служи утрински Бајрам-намаз, а по утринската молитва, верниците ги посетуваат гробиштата на своите роднини.

Во текот на Рамазанскиот пост, Муслиманите се обврзани да даваат садакатул-фитр, милостина на сиромашните.

Фитерот треба да се даде пред утринскиот Бајрам-намаз, а ако некој тоа не го направи се обврзува фитерот да го даде во текот на годината.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Торба со пари пронајдена кај Австриец кој почина во несреќа на патот Тетово-Попова Шапка

Редакција

Каков е речникот на бугарскиот европратеник Јорданов: МНР ќе упати писмо до Европскиот парламент за навредите

Редакција

Ковачевски се чуди како Американците открија корупција кај Мерко, а не и македонските истражни и правосудни органи

Редакција