Вчера за првпат во јавноста се појавија родителите на Васил Јованов, кој ја усмрти Фросина Кулакова.
Тие меѓудругото рекоа дека нивниот син го украл автомобилот, со кој ја усмрти девојката.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
На прес конференцијата на кои родителите се појавија со адвокатот на Јованов, Сашо Дуковски, на социјалните мрежи реагираше сестрата на Кулакова, Росица Кулакова.
-Па зарем тоа не е кривично дело – кражба?! Дали некогаш родителите го пријавиле дека сторил кривично дело кражба? Колку пати Васо го повторил истото дело? И дали родителите на Васо прикривале кривично дело?!, праша таа.
Таа реагираше и на изјавата на родителите на Јованов, кои за првпат изразија сочувство, и понудија помош на семејството на Кулакова.
-Не сте преземале никаква одговорност како родитители, па уште и се нудите да ни помогнете! Вие не сте успеале да му помогнете на сопственото дете да го пронајде вистинскиот пат, а сега нам ни нудите помош за да ги исправите последиците од вашата претходна негрижа. Мизерија.
Ајде тоа, туку се осмелувате и да го негирарте оправданиот револт на целата јавност. Дното стварно имало подрум. Знаеме дека вам не ви одговара да профункционираат правосудството и сите останати институции!, напиша таа на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Постапката која се води Васил Јованов, проширена и за неговите родители
Пред неколку дена од Основното јавно обвинителство Скопје информираа дека постапката која се води за Јованов е проширена и за неговите родители.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
9 дена не изразија сочувство, ниту не исконтактираа, вели таткото на Фросина за родителите на Васил
Васил Јованов, кој ја усмрти Фросина, доби 3 години и 10 месеци затвор за претходното дело
„Нашите планови ги срушија за миг“: Емотивна објава на момчето на Фросина Кулакова