еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Конзервативците победија на изборите во Германија, нов канцелар ќе биде Фридрих Мерц

Победник на вчерашните предвремени парламентарни избори во Германија е Унијата на Христијанско-демократска унија на Германија (ЦДУ) и нејзината баварска сестринска партија Христијанско-социјалната унија (ЦСУ), кои освоија 29% од гласовите.

Втора е екстремно десничарската Алтернатива за Германија (АфД), со околу 20% од гласовите, а партијата споредено со претходните избори од 2021 година речиси го удвои резултатот.

Трета е Социјалдемократите (СПД) на актуелниот германски канцелар Олаф Шолц, со 16%, историски најнизок резултат за партијата.

Нов германски канцелар ќе биде Фридрих Мерц, кој веќе одби формирање на Влада со АфД.

ЦДУ и ЦСУ сами неможат да формираат нова влада.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На Инфективна примено двегодишно дете заразено од корона вирусот, капацитетите речиси пополнети

Редакција

Кои се донатори на Левица и колку приходи имала лани

Редакција

Алкалоид започна процес на целосна дигитализација и автоматизација на процесите во сегментот Фармација преку имплементација на најсовремениот систем Manufacture Execution System – AlkaMES

Редакција