Данскиот музички состав Ефтеркланг ќе оджи концерт на отворено во културниот центар Паблик рум на 1 мај.
Настанот, кој е замислен како „пикник – концерт” ќе започне во 14 часот.
Ефтеркланг е дански бенд составен од три пријатели од детство, Мадс Браусер, Каспер Клаусен и Расмус Столберг.
На 27 септември 2024 година го објавија нивниот седми студиски албум насловен како „Things We Have In Common” со што ја започнаа својата светска турнеја.
Документарниот филм, „Efterklang: The Makedonium Band” во режија на Андреас Јонсен во кој свое продуцентско учество зазема и јавната културна установа МКЦ, беше премиерно прикажан во рамки на фестивалот “CPH:DOX” во Копенгахен, додека домашната премиера се реализираше во рамките на минатогодишниот филмски фестивал Синедејс.
Билетите за концертот на 1 мај се ограничени и може да се набават на веб страната bileti.drugastrana.mk.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Овации за премиерата на филмот „Eфтеркланг: Македониум бенд” во Копенхаген