еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кој е судијата Ељведин Ферати кој пресуди две години затвор за возачот кој ја усмрти Теодора Ристовска

Судијата од Основниот кривичен суд Тетово, Ељведин Ферати е во фокусот на јавноста и медиумите, откако за усмртувањето на пешачки премин на 22-годишната Теодора Ристовска на Менсур Пајазити му пресуди само две години затвор.

Пресудата предизвика лавина од негативни реакции во јавноста, а премиерот Христијан Мицкоски побара Судскиот совет да ја преиспита неговата работа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бура од реакции за казната затвор од само две години за возачот кој ја усмрти Теодора Ристовска

На Пајазити му се судеше за делото –  тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, за кое максималната казна е пет години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Ељведин Ферати, судијата кој пресуди две годи затвор за возачот кој ја усмрти Теодора Ристовска

Кој е Ферати

На јавноста судијата и е познат од порано. За него Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје водеше истрага откако Државниот просветен инспекторат констатирал дека тој си ги поправал оценките на Правниот факултет на Тетовскиот универзитет.

Истрагат на ОЈО за овој случај, како што објавија повеќе медиуми, била затворена пред еден месец, бидејќи како што велат од Обвинителството, се појавиле документи од Тетовскиот универзитет според кои тој уште во 2014 година преположил четири испити и така си го покачил просекот за да се запише на Академијата за судии.

Тој се пријавил со оценка 8,20, а во дипломата за завршени правни студии на Тетовскиот универзитет, имал просек 7,88.

За оваа случај отвори и Антикорупциската комисија. Во декември 2023 година од таму посочија дека немало барања и пријави од Ферати за преполагање на испити за така да му порасне просекот.

Во Судот се вработил во 2020 година и судел во граѓанска област, а сега суди кривични предмети.

Правосуден испит положил во 2012 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судскиот совет да го преразгледа работењето на судијата, порача Мицкоски за пресудата за смртта на Теодора

Менсур Пајазити кој ја прегази Теодора Ристовска на пешачки во Тетово, осуден на две години затвор

Фото: Основен суд Тетово

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Шокантни снимки од карантинот во Шангај, кои Кина не сака да ги видите

Редакција

Намалено загадувањето на воздухот во Скопје и Струмица

Редакција

Да му помогнеме на колегата Саше Димовски повторно да прооди

Редакција