Како што веќе објавивме првата официјална посета на македонската претседателка Гордана Силјановска Давкова ќе биде на Рим и Ватикан.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Силјановска Давкова ќе оди во Ватикан и Рим, ќе се сретне ли и со Радев?
Таа ќе ја предводи македонската државно-црковната делегација за чествување на 24 мај, Денот на сесловенските просветители, Кирил и Методиј.
Во состав на делегацијата се заменик-министерот за култура, Онур Али, амбасадорот на Македонија во Италија, Весел Мемеди, амбасадорката во Светата Столица, Марија Ефремова, директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски, заменик-генералниот секретар на нејзиниот Кабинет, Горан Момировски, државниот советник за надворешна политика во Кабинетот, Рима Сафитли, Златко Јанковски и Жидас Даскаловски од нејзиниот Кабинетот и Снежана Стојанова од Секторот за односи со јавност во Кабинетот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ѓорѓи Божинов именуван за генерален секретар на Кабинетот на Силјановска
Делегацијата на МПЦ-ОА пак ја предводат митрополитот Дебарско-кичевски, Тимотеј и митрополитот Европски, Пимен, додека Католичката црква ја претставува протојереј ставрофор, Зоран Стојанов.
Силјановска ќе има аудиенција кај папата Франциск.
По аудиенцијата кај поглаварот на Римокатоличката црква, таа ќе оствари средба и со државниот секретар на Ватикан, монсињор Пјетро Паролин.
Фото: Кабинет на претседателката