Најмодерниот македонски ски центар Ресорт Маврово, на само стотина километри од скопскиот смог и бука, веќе мами со чистиот воздух и снег. Со подобрена безбедност на падините за сите љубителите на скијањето, Центарот за јануари подготви бројни новини за скијачите и богата забавна дневна и вечерна програма за незаборавни доживувања за секој член на семејството.
„Прво, да истакнеме дека организационо сме одлично подготвени за уште една исполнета скијачка сезона. Новитети годинава се новата ски патрола и амбулантна единица организирана со Македонското здружение за спасување на скијалиштата. Акцентот е ставен на безбедноста на нашите гости и пријатели со кои ја споделуваме страста за снежните спортови. Во Ски Авантура набавена е нова опрема. Се разбира има и богата содржина за забава.
Подготвивме обемен календар со настани на скијалиштето со ски трки. Ги очекуваме сите љубители на снежни спортови, како и оние кои ја сакаат комбинацијата на сонце, снег и чист воздух“, велат од Ресорт Маврово.
Годинава Ресорт Маврово воспостави и несекојдневна соработка со скијачки центри во регионот и со сезонската карта нуди слободни викенди на Јахорина, Бјелашница, Копаоник и Колашин. Односно, секој што ќе купи сезонска карта за зимската сезона 2023/2024, со истата може да скија три последователни денови во скијачките центри на Олимпискиот Центар Јахорина и на „Скијалишта Србије“.
Истовремено Ресорт Маврово е подготвен и за гости од регионот, затоа што соработката со овие центри значи дека со сезонскиот ски пас од Олимпискиот Центар Јахорина и од „Скијалишта Србије“ ги отвора можностите за последователно тридневно бесплатно скијање на планини од Словенија до Македонија.
Регионалната соработка е само една од новините кои укажуваат на континуиран развој и раст на Ресорт Маврово, кој успешно ги следи современите трендови за развој на зимскиот центар.
Ресорт Маврово со Хотел Бистра, Хотел Спорт и Хотел Лоџ, Спорт и Ски Центар Маврово се наметна како една од најпрестижните дестинации за зимски спортови во Македонија и со широкиот спектар скијачки терени овозможува богата понуда и за почетници и за професионални скијачи и сноубордери.
Центарот се наоѓа на надморска височина од 1.300 метри до 1.900 метри надморска височина и располага со 5.000 метри скијачки патеки, на кои нуди и ноќно скијање и можности за незаборавни доживувања за сите кои го сакаат снегот.
Оваа сезона Ресорт Маврово ја збогати и со многу забава и за децата и за возрасните. Овој викенд е концертот на „Дајте Музика” a наредната сабота е Тин Камп. Три викенди по ред децата можат да искусат бесплатни часови по скијање заедно со други деца во улога на инструктори. Искористете ја одличната можност, почнете го денот со возбудливо скијање на Маврово и завршете го со друштвото на концерт на планина.
Фото: Unsplash