Анастасија Мојсовска со одличен резултат го заврши својот настап на Летните олимписките игри во Париз, информираа од Македонскиот олимписки комитет (МОК).
Во своето деби на игрите, македонската стрелачка Мојсовска, настапи во дисциплината воздушна пушка од 10 метри. Во квалификациската рунда, Анастасија по шестте серии имаше вкупен резултат од 625.3 погодени кругови. Нејзиниот најдобар резултат останува 628.8 кругови.
Тој резултат ја рангира на 31.место во конкуренција на 43 натпреварувачки. За жал не беше доволен да обезбеди место во финалето, кое и избега за 6 круга.
За македонските олимпијци, следниот настап е утре (30. јули), кога џудистот Еди Шерифовски ќе настапи во категоријата до 81 килограми.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хејтери, може само да сонувате да бидете Никола Ѓуретановиќ!
(Фото) Запознајте ги судиите од Македонија кои ќе судат на Летните олимиски игри во Париз
Фото: МОК