еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Македонски Телеком лани со раст на нето-добивката од 38,7%

Македонски Телеком ja затвори 2023 година со извонредни резултати, испорачувајќи конзистентен раст во текот на целата година, информираат од компанијата.

-Ова е резултат на успешното работење, фокусот на модернизација и ширење на мрежата и пионерството во воведувањето нови технологии со цел најдобро корисничко искуство, посочуваат од таму.

Оперативната добивка пред камати, оданочување и амортизација (EBITDA) е зголемена за 10,4 проценти споредено со минатата година, а нето добивката е во пораст од дури 38,7 проценти.

Приходите од продажбата се зголемени за 1,2 проценти и кај нив се бележи раст на приходите од основниот бизнис од 4,3 проценти во мобилниот сегмент и 3,5 проценти во фиксниот сегмент.

„Останавме доследни на целта да овозможиме супериорна услуга и корисничко искуство градејќи ја најдобрата мрежа. Ја завршуваме 2023 година со извонреден раст на којшто посветено и тимски работевме во текот на целата година.

Продолжуваме со силен фокус на развојот на мрежата и воведување на најновите технологии, што ќе овозможи целосна поврзаност и еднакво учество во дигиталниот свет. Остануваме посветени да обезбедиме  врвно корисничко искуство и  одржлива иднина за сите“, истакна Никола Љушев, главен извршен директор на Македонски Телеком.

Фокус на најдобрата мрежа

Доследни на нашата определба да ги поврземе сите, интензивно ја ширевме оптичката и 5G инфраструктура, секаде, на целата територија, велат од компанијата.

На крајот на годината, бројот на оптички пристапи е зголемен за 14,6 проценти во споредба со минатата година и изнесува 314 илјади пристапи. 5G мрежата сега можат да ја користат 82% од населението со гигабитни брзини во повеќето градови во Македонија.

-Годинава, ја добивме престижната Ookla® награда за најдобра мобилна мрежа за: супериорна брзина на мобилната мрежа, најголемо покривање и најдобар квалитет на мрежата, велат од компанијата.

Фокус на супериорно корисничко искуство

Во споредба со минатата година, порасна бројот на корисници во сите сегменти, што е резултат на нашата посветеност да обезбедиме супериорно корисничко искуство, но и многу повеќе од комуникациски услуги, велат од компанијата.

-Годинава ја воведовме првата дигитална програма за наградување и поволности за корисниците – Magenta Moments, преку која се ангажираме за задоволството на корисниците на сосема ново ниво.

Остануваме број 1 во Македонија според TRI*M индексот за мерење на задоволството на корисниците, којшто на крајот на годината бележи уште поголемо зголемување и изнесува 94 поени, велат од таму.

Бројот на корисници на широкопојасен интернет на компанијата е зголемен за 3,5 проценти и изнесува 210,5 илјади, а вкупниот број на интернет пристапи пораснал за 3,2 проценти.

-Ја задржавме лидерската позиција на ТВ пазарот со удел од 34 проценти и раст од 1,8 проценти или 150,4 илјади корисници. И во мобилните комуникации се зголеми базата на корисници и достигна 1,281 милиони. Во фиксната телефонија, останавме на водечката позиција со 228 илјади корисници, велат од компанијата.

Фокус на одговорноста кон општеството и животната средина

И оваа година активно работевме на еднакво дигитално општество и намалување на штетните влијанија врз животната средина, посочуваат од компанијата.

-Преку проекти за намалување на дигиталниот јаз и борба против говорот на омраза допревме до речиси 30 илјади корисници. И годинава ја продолживме еко-акцијата за собирање и рециклирање стари уреди и обнова на опожарените региони. Собравме над 16.000 стари уреди и засадивме 10.000 нови дрвца, со што целосно го обновивме опожарениот дел од Источниот регион.

Ова е наша долгорочна стратегија и дел од нашата ESG агенда којашто ќе продолжиме да ја следиме и во наредните години, велат од компанијата..

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За 24 часа шест нови случаи на Ковид-19 од 2.887 тестирања

Редакција

Врховниот суд го отфрли барањето на Груевски за преиспитување на правосилната пресуда за случајот „Насилство во Општина Центар“

Редакција

Не e точно дека подмочувањето е нормална работа за жените кои родиле

Редакција