Малолетничка загинала во сообраќајка која се случила на 6. април.
Таа во несреќата, која се случила на локалниот пат од скопското село Патишка река до селото Осинчани, се здобила со тешки телесни повреди, била пренесена во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде починала.
Сообраќајката, како што информираа од полицијата се случила помеѓу возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од У.О. (19) од скоското село Студеничани и возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.А. (29) од Скопје.
Малолетничката била во возилото „мерцедес“, а повредени се и возачот, сопатничката Р.А.(24) и уште една малолетна сопатничка – двете од Скопје.
Повреден е и возачот на „фолксваген голф“, кој бил приведен.
Телото на малолетничката е дадено на обдукција.