еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Мајката и сестрата на Вања побраа јавноста да биде исклучена од судењето, Судот одби

Денеска во Кривичниот суд Скопје почна судењето за Љупчо Палевски Палчо и останатите четворица обвинети за убиството и грабнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес.

На почетокот на судењето јавната обвинителка Жаклина Крстевска Јосифовска информираше за барањето на мајката и сестрата на Вања јавноста да биде исклучена од судењето, но судијата Ивица Стефановски го одби барањето, кое беше неприфатливо и за адвокатите на обвинетите.

Палевски е обвинет дека бил организатор на грабнувањата и извршител на убиствата на малолетната Ѓорчевска и на Жежовски.

Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов се обвинети дека биле соизвршители во грабнувањата и убиствата.

Таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, пак е обвинет дека помогнал во грабнувањето на неговата ќерка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Таткото на Вања е наместен од полицијата, кажа Палевски на денешното судење

И јас загинав на 27. ноември, од мене не остана човек, кажа таткото на Вања на денешното судење

Никој од обвинетите за убиството и грабнувањето на Вања и Панче не се чуствува виновен

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Приведен е напаѓачот на лекарот на Токсикологија, кој заврши на Ургентен поради повредите

Редакција

Москва демантира: Путин нема двојник за јавни настапи

Редакција

На кумановец му удриле во возилото, пукале кон него и му одзеле торба со пари

Редакција