еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

МВР ќе истражува кој му дал податоци од истрагата на Палевски, Обвинителство не

Последното рочиште за убиството и грабнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, беше одложено откако првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо побара изземање на јавна обвинителка Жаклина Крстевска Јосифовска и целото Основно јавно обвинителство од случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој му дал на Палевски тајни податоци од истрагата за убиството на Панче и Вања, кои ги искористи за барањето за изземање на обвинителката и Обвинителството

Образложувајќи ги причините за барањето за изземање, според обвинителката, Палевски, користел тајни податоци од истрагата, познати само на Обвинителството.

Слободен печат пишува дека Министерството за внатрешни работи (МВР) ќе истражува кој му ги дал податоците на Палевски и отворило предмет, а од Обвинителство пак како што пишува весникот, тврдат дека засега кај нив нема докази за „кртови“.

Адвокатот Јанаки Митровски пак за весникот вели дека податоците од МВР се незаконски протечени и дека треба да се гонат „кртовите“ од МВР или од Обвинителството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Палевски го одложи судењето за убиството на Вања и Панче, побара изземање на обвинителката Крстевска и целото Обвинителство

Фото: Палевски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Мист енерџи“ го доби тендерот на македонската Пошта за набавка на струја вреден 940.000 евра

Редакција

Границата со Грција останува затворена најмалку до 25 октомври

Редакција

„Еуроимпекс“ го доби тендерот на Министерството за земјоделство за набавка на пет возила вреден 82.000 евра

Редакција