еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Медиумите да се држат настрана од погребите и да се почитува личната болка на семејствата, апелираат од АВМУ

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) ги потсетува медиумите, при информирањето за погребите на жртвите во трагичниот пожар во Кочани, да се придржуваат до највисоките професионални и етички стандарди.

„Известувањето треба да биде без сензационализам, задолжително треба да се почитува личната болка и жалост на семејствата, роднините и најблиските на загинатите и да се води сметка да не се придонесува за дополнително зголемување на вознемиреноста.

Во оваа насока се и барањата од жителите од Кочани кои вчера се обратија директно до Агенцијата, како и преку социјалните мрежи, со апел медиумските работници да се држат понастрана за време на погребите и да не снимаат со дронови.

Медиумите да внимаваат при правењето и особено при објавувањето снимки и фотографии, со цел да им дозволат на семејствата и родителите достоинствено и со почит да се збогуваат со своите ближни,“ се вели во соопштението.

Од таму додаваат дека генерално, деновиве медиумите покажаа висок степен на професионалност.

„Имаше неколку случаи на емитување филмови и серии со забавна содржина, за што се доставени и претставки до Агенцијата, поради што посочуваме радиодифузерите да обрнат поголемо внимание при креирањето на програмската шема. Истовремено, важно е и класичната музика која се емитува да биде соодветна на деновите на жалост.

Освен ова, апелираме до медиумите да им ја пружат потребната поддршка на нивните медиумски работници кои изминативе деновиве при извршувањето на нивните работни обврски се изложени на исклучителен стрес и, со тоа, на здравствени ризици,“ се додава во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Граѓаните од Кочани бараат да не се објавуваат снимки и фотографии од болката на најблиските

Погребот на починатите во пожарот ќе биде утре: Во 11 часот во Штип, во 12 часот во Кочани и во 13 часот во Облешево

Андреј од ДНК ќе биде погребан утре на градските гробишта Бутел

Фото: Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Темелко изгуби, Пали Колефски е нов градоначалник на Пустец

Редакција

Продолжува судењето за „Тврдина 2“ на СЈО

Редакција

Затворен патот Штип-Неготино, поради пожарот на планината Серта

Редакција