Традиционалната меѓународна ноќна атлетска трка „Низ улиците на Скопје 2024”, ќе се одржи во недела (17. ноември), со почеток од 16 часот во Скопје, по повод Денот на ослободувањето на Скопје, 13 Ноември, а во организација на Атлетската Федерација на Македонија.
„Ноќната атлетска трка е една од најстарите манифестации кај нас и една од најстарите на Балканот и се одржува традиционално секој ноември во чест на ослободувањето на Град Скопје. Првата трка била одржана во далечната 1953 г. и се трчало во поединечна и екипна конкуренција, стартот и целта биле на срeдината на плоштадот, a должината била 5 км.
На програмата на овогодинешното издание се две трки и тоа главна трка на 5км и детска трка до 12 години на 400м, со пријавени на повеќе од 400 учесници во двете трки,“ информираат организаторите.
Стартот и целта на трките ќе биде во недела во близина на Триумфалната капија на централниот Плоштад во Скопје.
Промотивна објава