Министерот без ресор задолжен за интеграција и имплементација на декадата на Ромите, Шабан Салиу доби 30-дневен притвор, заедно со уште тројца новоосомничени во истрагата за пожарот во т.н дискотека/кабаре во Кочани.
Тој е осомничен во проширената истрага на Основното јавно обвинителство како поранешен директор на Дирекцијата за заштита и спасување.
Од новите осомничени, шестмина добија куќен притвор, а осум мерки на претпазливост.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Дритон Кучи, поранешниот министер, кој е дел од новите 19 осомничени за пожарот во Кочани
Амбасадорот на Македонија во Норвешка и Исланд, Дритон Кучи, кој е осомничен како поранешен министер за економија, се уште не е во Македонија и за него засега нема мерки.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е министерот Шабан Салиу, кој заврши во притвор за пожарот во Кочани
Кој е Ваљон Сарачини, поранешниот министер, кој е дел од новите 19 осомничени за пожарот во Кочани
Фото: Влада