еМагазин
Image default
Македонија

Хасан Асани реизбран за претседател на Основен суд Тетово

Судскиот совет на денешната 436. седница го реизбра судијата Хасан Асани за претседател на Основниот суд Тетово.

Судијата Хасан Асани, кој доаѓа од Основниот суд Тетово, беше избран со 9 гласа „за“ и три против.

На огласот, иако биле пријавени тројца кандидати, само Асани доставил комплетна документација.

Судскиот совет, претходно на денешната седница избра и двајца судии во Врховниот суд и двајца судии во Апелационен суд Гостивар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судскиот совет ги избра Анита Бошковска и Катерина Георгиевска за судијки во Врховниот суд 

Судскиот совет ги избра Даут Рустеми и Александар Милошески за судии во Апелационен суд Гостивар 

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарија евакуира 200 лица од Одеса меѓу кои и македонски и американски државјани

Редакција

Јавното обвинителство појасни зошто се гони новинарот на „Инфомакс“

Редакција

Меѓу новозаболените со коронавирусот во Прилеп и деветгодишно дете

Редакција