еМагазин
Image default
Македонија

Бугарија евакуира 200 лица од Одеса меѓу кои и македонски и американски државјани

Бугарската министерка за надворешни работи, Теодора Генчовска на вонреден брифинг соопшти дека денеска сите бугарски државјани кои се наоѓаат во Украина и изразиле желба за евакуација од Киев и околината, имаат можност за итна евакуација.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, во моментов Украина ја напуштаат четири автобуси и сите автомобили на бугарскиот конзулат во Одеса и амбасадата во Киев.

Во автобусите и автомобилите има околу 200 лица – бугарски, американски, македонски и украински државјани, еден државјанин на Грузија, како и персоналот на бугарската амбасада во Киев и генералниот конзулат во Одеса.

– Министерката Генчовска и македонскиот министер за надворешни работи, Бујар Османи се во постојана комуникација за извлекувањето на македонските државјани, изјави за МИА портпаролот на бугарското МНР, Митко Димитров.

Димитров потсети дека вчера бугарски дипломати помогнале на 22 македонски државјани на украинско-молдавската и романската граница, а двајца Македонци ја напуштиле Одеса со автобус.

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ВМРО-ДПМНЕ во Собрание ќе поднесе предлог-одлука за разрешување на Филипче 

Редакција

Николоски од ВМРО-ДПМНЕ избран за потпретседател на Европската народна партија во ПС на Совет на Европа

Редакција

Поради неважечките ливчиња не се избра градоначалник во Ново Село во првиот изборен круг

Редакција