еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Поради неважечките ливчиња не се избра градоначалник во Ново Село во првиот изборен круг

Неважечките 103 ливчиња се причина да нема избор на градоначалник на Општина Ново Село на вчерашните предвремени избори. Имено, кандидатот на ВМРО ДПМНЕ, Николчо Стоилков добил 2.753 гласови, а за кандидатот на СДСМ, Никола Андонов гласале 2.693 избирачи.

Според претседателката на Општинската изборна комисија, Венера Шопова, кандидатот Стоилков не ги добил потребните 50 проценти плус еден гласови за победа во првиот круг поради неважечките ливчиња и затоа на 5 мај ќе се одржи втор изборен круг.

Од 11.302 запишани избирачи во Ново Село вчера на гласање излегле 5.549 граѓани со право на глас, од кои 103 гласачки ливчиња се неважечки.

Во Општина Ново Село предвремени избори за градоначалник се одржаа заради тоа што поранешениот Боро Стојчев поднесе оставка откако беше осуден на затворска казна поради обид за шверц на цигари.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Твитер го „подбра“ Заев за Богоевски: Тоа што Крсто Мукоски ги отворил вратите од Собрание е негова лична работа

Редакција

Македонија протера тројца руски дипломати, Русија најави дека ќе одговори на непријателскиот чин

Редакција

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 по скопските болници

Редакција