Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налог за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, поранешниот израелски министер за одбрана Јоав Галант, и за лидерот на терористичката организација Хамас, Мохамед Диаб Ибрахим ел Масри.
Според МКС Нетанјаху и Галант „целно и намерно“ го користеле гладот како оружје против палестинското население во Појасот Газа, оневозможиле обезбедување вода, струја и медицинска помош на луѓето, како и на локалните хуманитарни организации.
Тие се обвинуваат и за намерен напад на цивили во Појасот Газа
-Таквото дело веројатно не значи „истребување“ како злосторство против човештвото, но треба да се смета за „убиство“, велат од Кривичниот суд.
Од МКС информираа дека секоја земја-членка на Судот е должна да ги изврши налозите за апсење на овие лица и да ги пренесе во Хаг во Холандија, седиштето на МКС.
Реакциите од Израел, очекувано се со осуда за оваа одлука на Судот. Нетанјаху ги обвини судиите за „антисемитизам“, а неговиот Кабинет соопшти дека „Израел со гадење ги отфрла апсурдните и измамнички дејствија што ги покрена МКС против него“.
Одлуката ја осуди и САД. За американскиот претседател во заминување, Џо Бајден, издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамно.
Од Европската Унија, голем број земји потврдија дека би го уапсиле Нетанјаху доколку е на нивна територија, а само унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека нема да го почитува налогот и дека ќе го покани Нетанјаху во Унгарија.
Фото. Нетанјаху/Фејсбук