еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кој е Борис Кондарко, што пишува во биографијата на старо-новиот член на ДИК?

еМагазин во серијал ќе Ви ги пренесе биографиите на новите членови на Државната изборна комисија (ДИК).

Кој е Борис Кондарко?

Борис Кондарко е старо-нов член на Државната изборна комисија по предлог на СДСМ.

Тој е роден во Скопје на 20.08.1973 година.

Во периодот од 1997 до 1999 година работи како адвокатски приправник.

Од 2000 до 2002 година работи како адвокат.

Како адвокат работи и во периодот од 2009 до 2011 година и од 2014 до 2018 година.

Политичка кариера

Во периодот од 1998 до 2000 година е заменик член и член на ДИК.

Во периодот од 2002 до 2006 година е пратеник во Собрание на Р. Македонија, како и во периодот од 2006 – 2008 година.

Од 2011 до 2013 година е претседател на ДИК.

Образование

Тој е дипломиран правник на Правниот факултет ”Јустинијан I“ во Скопје.

Во 1999 година го положил правосудниот испит.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Што пишува во биографијата на Дитмире Шеху, старо-новата потпреседателка на ДИК

Кој е Александар Даштевски: Што пишува во биографијата на новиот претседател на ДИК

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Поголема бројка на оздравени пациенти од заболени од корона вирусот

Редакција

Каков имот пријавила Добрила Кацарска, новата претседателка на Уставен суд

Редакција

Како гласаше македонското жири на Евровизија

Редакција