еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Што пишува во биографијата на Дитмире Шеху, старо-новата потпреседателка на ДИК

еМагазин во серијал ќе Ви ги пренесе биографиите на новите членови на Државната изборна комисија (ДИК).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Новите членови на ДИК дадоа свечени изјави, Даштевски рече дека бил најнепартиски член

Која е Дитмире Шеху

Дитмире Шеху по предлог на ДУИ е старо-новата потпреседателка на ДИК.

Родена е во февруари 1980 година во Гостивар.

Образование

Таа е дипломиран правник.

Зборува и англиски јазик.

Работно искуство и политичка кариера

Во периодот од 2006 до 2008 година била помлад соработник за јавни набавки во Општина Гостивар, а во периодот од 2008 до 2014 година советник за јавни набавки.

Во периодот од 2014 до 2015 година е раководител на Одделението за јавни набавки во општината.

Во периодот од 2015 до 2017 година е секретар на Општина Гостивар.

Од 2017 до 2018 година повторно е раководител на Одделението за јавни набавки во општината.

Во јули 2018 е избрана за потпреседателка на ДИК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Александар Даштевски: Што пишува во биографијата на новиот претседател на ДИК

Фото: ДИК

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Орбан: Груевски е мој сојузник, зад неговиот прогон стои Сорос

Редакција

ДИК: Излезноста на Локалните избори до 9.30 часот е 3,28%

Редакција

Ципрас: Набргу ќе бидам првиот грчки премиер кој го посетил Скопје

Редакција