еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Каков имот пријавила Добрила Кацарска, новата претседателка на Уставен суд

Судијката Добрила Кацарска е избрана за нова претседателка на Уставен суд.

Каков имот пријавила

еМагазин ги разгледа нејзините два анкетни листови кои ги поднела до Државната комисија за спречување корупција, кога станала судија во Основниот суд Скопје 1, функција на која остана до 2005 година и кога минатата година стана судија во Уставниот суд.

Во првиот анкетен лист пријавила и имот на родителите, селска куќа од 50 метри квадратни во ресенско, проценета на 6.500 евра и стан во Скопје од 54 метри квадратни, за кој нема проценка колку вреди.

Од наследство добила земјиште во Подмочани.

На свое име стан во Скопје од 86 метри квадратни, за кој во овој анкетен лист нема проценка колку вреди.

Вози Хјундаи Тускон, а на име на децата пријавила возило Хјундаи Гец.

Тогаш пријавила и кредит, кој требало да го исплати до 2018 година.

Во вториот анкетен лист пријавила земјиште на име на децата во Скопје од наследство и стекнато со договор за купопродажба и дополнително пријавила нов кредит од 435 илјади денари, кој треба да го отплати до 2023 година.

Дала и проценка за нејзиниот стан во Скопје, кој го проценила на 5,9 милиони денари.

Има заштедено три илјади евра, а штеди во Комерцијална банка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Која е Добрила Кацарска, новата претседателка на Уставен суд

Доаѓа на местото на Сали Мурати: Добрила Кацарска избрана за нова претседателка на Уставен суд

Фото: Уставен суд

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МВР растури приватна забава во викендица во Волково, приведени 29 лица

Редакција

(Видео) Апсења во Арачиново, Синѓелиќ, Карпош, Кисела Вода и Шуто Оризари за трговија со дрога и оружје

Редакција

Унгарија и Полска забранија увоз на жито и земјоделски производи од Украина

Редакција