еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Која е Добрила Кацарска, новата претседателка на Уставен суд

Судијката Добрила Кацарска е избрана за нова претседателка на Уставниот суд.

Таа на денешниот работен состанок добила шест гласа „за“ од вкупно девет уставни судии, со што е постигнато потребното двотретинско мнозинство за избор на претседател на Уставниот суд.

Мандатот на новоизбраната претседателка на Уставниот суд, ќе започне од 2 јуни 2021 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавила Добрила Кацарска, новата претседателка на Уставен суд

Доаѓа на местото на Сали Мурати: Добрила Кацарска избрана за нова претседателка на Уставен суд

Која е Кацарска

Родена е во 1957 година во Ресен.

Диполомирала на Правниот факултет при Универзитетот „Св Кирил и Методиј“ Скопје во 1982 година, а правосудниот испит го положила во февруари 1984 година, стои во нејзината официјална биографија.

Работно искуство

Од 1982 до 1984 година работела како приправник во Општински суд Скопје 1 Скопје, од 1984 до 1986 година како стручен соработник во Основен суд Скопје 1 Скопје, а од 1986 до 2005 година била судија во Основен суд Скопје 1 Скопје во Граѓански оддел-Парница.

Од 2005 до 2009 година била претседател на Основен суд Скопје 1 Скопје, а од 15.02.2009 година до 13.07.2009 година в.д. претседател на Основен суд Скопје 1 Скопје.

Од 13.07.2009 година била распоредена во Кривичен Оддел – кривично полнолетни до 09.01.2018 година кога била распоредена во Одделението надлежно за судење на дела од областа на организираниот криминал и корупција.

Две години била одговорен судија во парничниот отсек, два мандати член на Управен одбор на Здружение на судии, при што еден мандат и заменик претседател.

Од 2007 година била член на Дисциплинскиот совет на Нотарска комора, а од 2008 година била заменик на претседателот на Дисциплинскиот совет на Нотарската комора.

Од септември 2008 година до месец јули 2009 година била претседател на Советот за судска служба.

Во текот на 2006 година била едукатор за новоизбрани претседатели и секретари на судови.

Била член во работните групи за изготвување на неколку закони и тоа: измени на Законот за адвокатурата, Законот за судската служба, Законот за изменување и дополнување на Законот за парничната постапка, Законот за измени и дополнувања на Законот за општата управна постапка.

Исто така, била еден од авторите на прирачникот – Водич за новоизбрани претседатели и секретари на судовите.

За судија на Уставниот суд е избрана на 26 ноември 2020 година.

На јавноста и е позната по предметот „Тенк“, каде донесе осудителни пресуди за Никола Груевски, Гордана Јанкулоска и Ѓоко Поповски поради набавката на блиндираниот мерцедес, а осудителни пресуди донесе и за случајот за насилството во македонското Собрание на 27 април.

Фото: Телма

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Барањето за забрана нема правна основа: Филмот „Ругање за Христос“ слободно ќе се прикажува

Редакција

„Стентон градба“ го доби тендерот на „Водовод Битола“ за изградба на нова управна зграда вреден 708.000 евра

Редакција

Почна судската постапка за убиството на 14-годишното момче од Прилеп, адвокатот на детето убиец вели дека делото го извршил во афект

Редакција