еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Наместо европеизација на Балканот се случи балканизација на Европа, рече Мицкоски на панел-дискусија во Минхен

Премиерот Христијан Мицкоски се обрати на панел дискусијата Геостратегија и енергетска сигурност во рамки на Минхенската безбедносна конференција.

Мицкоски говореше за новите предизвици кои се исправаат пред НАТО, за плановите на Македонија во областа на енергетиката, како и за идните односи во Европа.

Тој посочи дека воопшто не е изненаден од говорите на Минхенската безбедносна конференција и одредени промени на „ветриштата кои дуваат”.

„Кога зборуваме за НАТО не заборавајте дека мојата држава за да стане член на НАТО, го промени името. Кога се зборува за откажувања и за двојни стандарди не треба да заборавиме на ова.

Нашата посветеност за НАТО не може да се доведе во прашање, со многу страдање и понижувања станавме членка на НАТО,“ рече Мицкоски и дополни дека не е изненаден од последните случувања и најави на американската администрација.

Тој посочи дека, кога се говори за двојни стандарди во политкиката треба да се има предвид македонското прашање, затоа што две декади кандидатскиот статус не може да се претвори во членство заради вештачките прашања кои се отвораат.

„Ги слушнав гласините во Минхен, за мешање во внатрешните прашања, но кога го менувавме нашето знаме, кога ја менувавме валутата или кога го менувавме нашето уставно име, што беше тоа? Нели беше тоа мешање во внатрешните работи и зошто тогаш никој гласно не говореше. Дури и сега се соочуваме со барање за менување на Уставот пак, доколку сакаме да почнеме преговори со ЕУ. Што е тоа? Зарем не е тоа мешање во внатрешните работи?,“ запраша Мицкоски.

Тој додаде дека сме дел од Европа и сакаме да ги аплицираме европските вредности.

„Но она што се случува е нешто што е комплетно различно. Ние сме сведоци на тн „балканизација на Европа“, наместо „европеизација на Балканот“. Некои балкански земји членки ги донесоа балканските спорови и балканските вредности во Брисел, наместо да е обратно.

Вие рековте дека Русија го негира украинскиот идентитет, јазик, црква, ужасна инвазија која беше многу погрешна во 21 век, но во исто време парламентот на една од најмладите членки на ЕУ го негира македонскиот идентитет, македонскиот јазик, кој е официјален јазик на ООН од 1945 и е меѓународно кодификуван од 1977, тогаш за што зборуваме? Зошто сите молчат тогаш,“ потенцираше Мицкоски и посочи дека Македонија мора да добие извесност на својот пат кон ЕУ.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Попис: Зголемен бројот на жители и станови во Скопје

Редакција

(Галерија) Како изгледа ресторанот „Нома“ во Копенхаген на тетовецот Рене Реџепи, кој е прогласен за најдобар на свет

Редакција

Инвестиција од 270 милиони евра: Француски „Акуо Енерџи“ ќе гради соларен парк за 94.000 домаќинства кај Штип

Редакција