еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

Нашата фолк ѕвезда Влатко Миладиноски ќе одржи концерт на 22 март

Нашата фолк ѕвезда Влатко Миладиноски, во придружба на големиот оркестар на Златко Миладиноски, ќе одржи голем концерт на 22 март во Македонската Опера и Балет во Скопје со почеток од 20 часот.

„Посветената работа на креирање на хитови кои го обединуваат македонскиот народ е една од причините поради која се одлучив на чекорот да го организирам големиот концерт во Скопје, а иницијативата и барањето за тоа доаѓа од граѓаните кои при секоја средба со мене го поставуваа прашањето кога ќе се организира еден голем концерт во Скопје и еве со задоволство можам да истакнам дека тој ден е 22 март,“ вели Миладиноски.

Не ја пропуштајте можноста да ги слушните безвременските хитови „Велат не нема”, „Ај да ојме Јано“, „Од таму се гледа Македонија“, „Ајде да си речиме една песна“.

Билетите се веќе пуштени во продажба по цена од само 500,00 денари, а како дополнителен адут на вечерта, организаторите најавуваат специјални музички гости, чии имиња засега остануваат во тајност.

Контакт број за влезници и информации на 078 326 139 и онлине на mktikets и на нивните продажни места.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Помилуваниот член на “Барон“ од Сиљановска Давкова уапсен за обид за убиство

Редакција

Со 90 гласа „за“ Собранието ги усвои измените на Законот за минимална плата

Редакција

Кочница придавката „македонски“ и Цар Самоил: Фијаско во разговорите на македонско-бугарската Комисија

Редакција