еМагазин
Image default
Спорт ТОП СТОРИИ

„Макпетрол“ со 13 медали најуспешен на државното карате првенство за сениори

Карате клубот „Макпетрол“ со вкупно освоени 13 медали  е најуспешен на државното првенство во карате за сениори во борби и кати што викендов се одржа во Скопје.

Каратистите на „Макпетрол“ освоија шест златни, четири сребрени и три бронзени медали, со што не дозволија промена на врвот во генералниот пласман на првенството и повторно се најуспешен клуб.

Зад „Макпетрол“, на второто место според постигнатиот успех и освоените медали е „Олмпик спорт 2007“ со шест освоени медали, додека трет е клубот „Фунакоши Гичин“ исто така со шест медали.

– Задоволни сме од постигнатото на државното првенство и од прикажаните борби на сите наши спортисти. Најважно од сѐ е што повторно демонстриравме и прикажавме модерно и врвно карате и останавме на врвот на најуспешни клубови во генерален пласман, истакнаа од карате клубот „Макпетрол“.

Со златни одличја на државното првенство се закитија каратистите на „Макпетрол“, Симона Заборска, Ангела Мојсовска, Петар Заборски, Петар Спасеновски, Стефан Стојановиќ, како и екипно борби во машка конкуренција.

Сребрени медали освоија женскиот тим во борби, Давид Петков, Викторија Јовановска и Витомир Трајковски. Со по една бронза првенството го завршија Јована Мицовска, Данило Божовиќ и Димитар Лозановски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Запознајте ги членовите на ДИК: Која е Радица Ристеска

Редакција

ССМ постави 120 столчиња пред Собранието: Почна генералниот штрајк за поголеми плати

Редакција

Стопанска Банка Битола ја зголеми добивката за 80,82% во првите девет месеци

Редакција