еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Кои се повредените при нападот на градоначалникот на Арачиново

При вчерашниот напад со автоматска пушка на градоначалникот на Општина Арачиново, Ридван Ибрахими, кадар на владејачката ДУИ, се повредени две лица, информираа од Министерството за внатрешни работи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Градоначалникот на Арачиново не е повреден, повредени се две лица кои биле со него: Детали од МВР

Станува збор за Адвин Ајдини, кој има 21 година и вчера беше пренесен на Клиниката за торакална хирургија, каде беше опериран, а медиумите објавија дека останал без дел од белодробното крило.

„Пациентот имаше прострелна рана, веднаш му беше извршена хируршка интервенција и му беше отстранет оштетениот десниот дел на белите дробови„, изјави за телевизијата ТВ 21, директорот Клиниката, Неџати Јакупи.

Другиот повреден е 39-годишен маж со иницијали Е.С., кој е во градската болница „Свети Наум Охридски“. Тој е исто така e опериран, изваден му е куршумот и е во добра здравствена состојба.

Еден од повредените е вработен во Општината, а за другиот се уште не е јасно дали бил шоферот на градоначалникот или синот на возачот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Ридван Ибрахими, градоначалникот на Арачиново, во кој беше пукано

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

4 лица биле на возраст од 30 до 49 години: За една недела 69 смртни случаи од Ковид-19

Редакција

Во второто тримесечје починале 5.064 лицa, од нив 51 се доенчиња

Редакција

Нов раст: 378 нови случаи на Ковид-19 од 7.647 тестирања, најмногу од Скопје и Тетово

Редакција